X
 11.02.2020 Технологија

Илон Маск советува на „Твитер“: Избришете го „Фејсбук“

Основачот на „Тесла“, Илон Маск, на својот твитер-профил ги советуваше следбениците да ги избришат профилите на „Фејсбук“.

Твитот доаѓа како одговор на постот од комичарот Саша Барон Коен, кој го критикува наводното монополистичко однесување и ја повикува владата да ја одземе контролата од рацете на милијардерот Марк Закерберг.

- #DeleteFacebook (Избришете го „Фејсбук“) - напиша Маск на неговиот твитер-профил.

Основачот на „Спејс Екс“ и претходно го критикуваше „Фејсбук“ во неколку твитови. Тој во твит од 2018 година напиша дека повеќе не го користи овој медиум.

- Ова не е политичка изјава. Не го направив затоа што некој ме предизвика. Едноставно не ми се допаѓа „Фејсбук“. Од него ми лазат морници - напиша тој.

Додека активноста на „Фејсбук“ продолжува да се зголемува секоја година, со повеќе од 2,5 милиона активни корисници на месечно ниво, се појави нов тренд - помладите корисници се одлучуваат за други социјални медиуми. Но, голем дел од тие помлади луѓе и понатаму користат „Инстаграм“, кој е во сопственост на „Фејсбук“.

Извор: FoxBusiness.com
Фото: Јутјуб
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија