X
 30.05.2016 Живот

Како да изгледате попаметно пред другите според експертите?

Во многу случаи, да се биде интелигентен не е доволно и потребно е останатите да знаат или да мислат дека сте интелигентни.


„Entrepreneur“ пишува дека интелигенцијата објаснува само околу 20% од успехот во животот. Остатокот е последица на емоционалната интелигенција. Недостатокот на емоционална интелигенција резултира во лоша проценка за сопствените способности и начинот на кој не` гледаат останатите. Луѓето со одлична емоционална интелигенција влијаат на останатите - оние со лоша емоционална интелигенција не изгледаат добро, а помалку паметно пред другите. Научниците велат дека следниве работи може да ви помогнат да ги убедите останатите дека сте интелигентни.

Имајте средно име

Џон Ф. Кенеди, Френклин Д. Рузвелт. Имено, научниците откриле дека луѓето почесто сметаат дека луѓето со средно име и со средни иницијали се поинтелигентни и поуспешни.

Правете графици

Истражување спроведено на „Корнел“ покажува дека луѓето почесто им веруваат на изворите кои користат графици. 96% од учесниците кои прочитале извештај со график верувале во него, во споредба со оние 67% кои верувале во извештаи без графици.

Прескокнете го пијалокот

Поголемо истражување спроведено во САД открива дека луѓето кои држат пијалок изгледаат помалку интелигентни во очите на останатото. Луѓето ќе помислат дека некој е помалку интелигентен дури и кога само држат пијалок.

Верувајте во себе

Ништо не ја покажува интелигенцијата како самодовербата. Истражување покажува дека самодовербата може и да ги подобри нашите способности и вештини.

Пишувајте едноставно

Ако сте паметни, не ви требаат големи зборови за да пренесете порака. Самата интелигенција зборува за себе.

Зборувајте поенергично

Истражувачите откриле дека дури и кога луѓето зборуват иста работа, оние кои го кажуваат тоа побргу и погласно и со помалку паузи звучат поинтелигентно пред другите.

Гледајте ги во очи

Ова се добри манири, но ова ќе направи и да изгледате попаметно. Во истражување на универзитетот „Лојола“, учесниците кои подолго го задржувале контактот со очите имале подобри резултати на тестовите за интелигенција.

Носете очила

Иако очилата станаа тренд во последно време, истражување покажува дека тие може да ви помогнат и на друг начин освен со видот. Имено, луѓето кои носат очила изгледаат поинтелигентно.

Задржете го темпото

Доколку сакате да изгледате попаметно, не заостанувајте во ништо. Истражување покажало дека луѓето сметаат дека оние кои ги прават нештата со иста брзина како и повеќето се попаметни.

Облечете се за успех

Ова не треба да изненадува. Поголемо истражување покажало дека начинот на кој се облекувате влијае на начинот на кој ве гледаат луѓето. Покажувањето кожа може да направи да изгледате помалку интелигентно бидејќи кожата го става вниманието на вашето тело наместо ум, велат истражувачите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот