X
 28.07.2016 Наука

Научниците можеби конечно ја открија тајната за животот на Земјата

Научниците можеби го откриле едниот предок кој ги обединува сите животни форми на Земјата, а тој се вика Лука. Овој наш предок бил едноклеточен организам сличен на бактерија познат како „Last universal common ancestor“, односно LUCA (ЛУКА). Овој организам би можел да ја открие тајната за потеклото на животот на Земјата.


Истражувачите дебатираат за животот - дали почнал на екстремно место или на мирно место. Истражувачите започнале да разгледуваат речиси 2.000 гени од модерни микроби, истражувајќи ги трагите кои се пренесувале од почетокот на животот на Земјата. На овој начин, тие можеле да стигнат до овој заеднички предок и да создадат слика од самиот организам.

Она што се знае е дека организмот се појавил пред 3,8 милиони години и по одреден период еволуирал во различни видови едноставни клетки: бактерии и археи. Со ова се покажала врската меѓу бактериите и археите, како и еукаротите како растенијата и животните, кои претходно немале заедничка точка.

Ова им помогнало на истражувачите да истражат 355 гени кои потекнувале од Лука и да откријат што е заедничко меѓу нив.

Организмот живеел во длабочините на морето, каде што имало експлозии од магма и гас. Овие подводни места се' уште се место на живот за чудни, егзотични и екстремни животински форми.

Сепак, иако Лука одговара за околината, се' уште нема важни гени кои би го одржувале во живот, со што тој е „полужив“ и многу рано во развојот на животот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука