Останувате доцна навечер за да ги завршите „важните“ меилови? Ја земате незавршената работа дома? Добро би било да се преиспитате зошто работите толку напорно, бидејќи според норвешките истражувачи, работохоличарите често имаат голем број на психијатриски нарушувања.
Истражувањето предводено од Универзотетот во Берген испитувало 16.426 возрасни луѓе и пронашло врска помеѓу прекумерното работење и психијатриските проблеми. Поточно, истражувањето открило дека:
- 32.7% од работохоличарите имаат хиперкинетичко нарушување
- 33.8% имаат анксиозност
- 25.6% имаат опсесивно компулсивно нарушување
- 8.93% имаат депресија
„
Работохоличарите имаат поголем број психијатриски симптоми отколку луѓето кои работат во рамките на нормалата“, вели истражувачот и клинички психолог, Сесил Шоу Андреасен.
„Со тоа, работењето до крајност може да биде знак за подлабоки психолошки или емоционални прашања. Без разлика на тоа дали се преклопува со генетските слабости, причините за нарушувањата кои водат до работохолизам или пак тоа што работохолизмот предизвикува ваки наршувања, се'уште се непознати“, додава таа.
Научниците охрабруваат понатамошни истражувања во оваа област, истакнувајќи ја важноста на невробиолошките девијации во работохолизмот.
Сакате да дознаете дали сте работохолик? Подолу е тестот кој го искористиле истражувачите за да идентификуваат работохолик, со секој критериум рангиран од 1 (никогаш во изминатава година) до 5 (секогаш). Ако добиете 4 (често) и 5 (секогаш) во четири или повеќе критериуми, тогаш вие сте работохолик.
Тест:
- Размислувате како да создадете повеќе време за да работите.
- Поминувате повеќе време во работење отколку што треба да поминувате.
- Работите со цел да го намалите чувството на вина, анксиозност, беспомошност или депресија.
- Постојано другите ви кажуваат дека треба да намалите со работа, но вие не ги слушате.
- Под стрес сте ако ви забранат да работите.
- Не ги ставате во приоритет хобијата, слободните активности или вежбите поради вашата работа.
- Работите толку многу што негативно влијае врз вашето здравје.