Фото: Flickr
Технолошките компании се познати по бенефициите што им ги овозможуваат на нивните работници, како и супер конкурентните плати и прекрасните работни простории.
Не изненадува фактот што неколку технолошки гиганти си заработија место на овогодишниот натпревар „Employees' Choice Awards“, во кои беа вклучено 100-те најдобри места за работа во 2018 година во Америка.
За да ги пронајде компаниите со најзадоволните работници, „Гласдор“ ја анализираше својата масивна база на податоци со рецензии и рејтинзи на компаниите од сегашните и поранешните вработени.
Рецензијата ги вклучува мислењата на вработените за тоа кои се најдобрите причини за работење за нивниот работодавец, било какви негативни страни, совети за управување и дали тие би го препорачале работодавачот на пријател, како и оценките за тоа колку се задоволни со нивниот работодавач, со клучните атрибути на работното место како што е можноста за кариера, компензацијата и бенефициите и културата и вредностите.
Врз основа на рецензиите од
вработените, компаниите добија рејтинг на скала од 1 до 5, а 5 значи дека работниците се најзадоволни. Ова се 20-те најдобри технолошки компании за работа во 2018 година.