X
 30.08.2019 Живот

Кинески милијардер: Луѓето треба да работат 3 дена во неделата, 4 часа дневно

Милијардерот Џек Ма, кој долго време беше заговорник за екстремната кинеска работна култура, вели дека луѓето би требало да работат само 12 часа неделно.

Таквото работно време може да се воведе благодарение на предностите на вештачката интелигенција.

- Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа дневно, со помош на напредокот на технологијата и реформите на образовниот систем - рече коосновачот на „Алибаба“ на глобалната конференција за вештачка интелигенција одржана во Шангај.

Тој на бината разговараше со Илон Маск, извршен директор на компанијата „Тесла“, која гради производни погони во тој град.

Ма ја наведе електричната енергија како пример за тоа како развојот на технологијата може да даде можност за слободно време.

- Моќта на вештачката интелигенција е во тоа што на луѓето им дава повеќе слободно време. Мислам дека поради вештачката интелигенција, луѓето ќе имаат уште повеќе време за да уживаат во животот. Во наредните 10-20 години секој човек, држава, влада, би требало да се фокусира на реформи на образовниот систем, осигурувајќи нашите деца да можат да најдат работа - работа за која се потребни само три дена во неделата, четири часа дневно. Ако не го промениме образовниот систем, сите ќе имаме проблем - предупреди Ма.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот