X
 01.06.2016 Образование

Објавен е распоредот за полагање на државна матура



Оваа учебна година за државната матура се имаат пријавено 16859 ученици.

Од нив 8729 од гимназиско образование, 7866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно полагаат 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.

На 4 јуни во сите средни училишта во Република Македонија ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.

Македонски јазик и литература ќе полагаат 10730 кандидати, албански јазик и литература 5424, а 428 турски јазик и литература.

На 9 јуни ќе полагаат 2335 кандидати математика.

На 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. Како и секоја година и оваа најмногу матуранти имаа избрано да полагаат англиски јазик и тоа 15353. Бројот на кандидати кои се пријавиле да ги полагаат останатите предмети е многу помал. Француски јазик ќе полагаат 114 кандидати, германски јазик 197, а руски јазик 32 кандидати.

На 15 јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4426 кандидати, историја 2775, биологија 3191, филозофија 4230, хемија 344, физика 91 и естетика 188. Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.

Сите испити почнуваат во 10 часот.


Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани и 2314 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование