X
 21.06.2016 Образование

Државата која ги блокираше Facebook и Twitter поради државната матура

Една држава презема навистина екстремни мерки за време на средношколските тестови.


Алжир е последната земја која презема драстични мерки за заштитување на интегритетот на училишните тестови со тоа што привремено го блокираше пристапот до „Facebook“, „Twitter“ и „Instagram“ додека студентите ја полагаат државната матура.

Повеќе од половина милион средношколци морале одново да ги полагаат тестовите од државната матура бидејќи на интернет биле објавени прашања од повеќе предмети. Според локалните медиуми, властите започнале да ги блокираат социјалните мрежи во саботата навечер, а блокирањето ќе трае до 23 јуни - последниот ден од испитот.

Министерот за образование на Алжир, Нурија Бенгабрит, изјавил дека тестовите морале да гарантираат еднаквост за можноста гарантирана од уставот.

„Ројтерс“ извести за потврдувањето дека блокирањето на социјалните мрежи се директно поврзани со тестовите, а официјален извор вели и дека имало проблеми со интернет-мрежата во неделата.

Ова не е најекстремен пример за преземање драстични мерки на властите за решавање на негативните ефекти од социјалните мрежи. Во мај, владата на Ирак им нареди на интернет-провајдерите целосно да го блокираат пристапот за период од 3 часа на денот додека се полагал тест.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование