X
 10.06.2015 Образование

Распоред за полагање на државна матура



Оваа учебна година за полагање на државна матура се пријавени 17643 ученици. Од нив 8815 се од гимназиско образование, 8550 од средно стручно образование и 278 од средно уметничко образование.

Согласно  Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит во јавното средно образование со четиригодишно траење, во Република Македонија учениците екстерно полагаат 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.

На 11 јуни во сите средни училишта во Република Македонија ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Македонски јазик и литература ќе полагаат 11359 кандидати, 5565 албански јазик и литература, а 397 турски јазик и литература.

На 15 јуни во сите средни училишта во Република Македонија ќе се полага странски јазик. Како и секоја година и оваа најмногу матуранти имаат избрано да полагаат англиски јазик и тоа 16336. Бројот на кандидати кои се пријавиле да ги полагаат останатите предмети е многу помал. Француски јазик ќе полагаат 134 кандидати, германски јазик 178, а руски јазик 47 кандидати.

На 17 јуни математика ќе полагаат 2626 кандидати.

На 19 јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4582 кандидати, историја - 3856, биологија - 3654, филозофија - 2679, хемија - 354, физика - 119 и естетика - 204.

Испитниот материјал се доставува во училиштата и се враќа во ДИЦ истиот ден кога се реализира испитот.

Сите испити почнуваат во 10 часот.

Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани 2117 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи претставници од институциите надлежни за образованието во Република Македонија.

Факултети.мк на сите матуранти им посакува успешно да ги положат испитите!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование