74 годишниот шампион во бокс, Мохамед Али, почина вчера откако бил примен во болница во Феникс поради респираторни проблеми. Од неговиот олимписки златен медал во 1964 година, до неговата победа која му ја донесе титулата светски шампион во тешка категорија, па се' до палењето на олимпискиот факел во 1996 година, Мохамед симболизира успех и големина со неговата кариера.
И тоа не се случуваше само во рингот. Али навлезе во политичките води, започнувајќи од 1990 година, со средбата со Садам Хусеин за да преговара за ослободување на американски заложници во Ирак и Кувајт. Во 2005 година поранешниот американски претседател Џорџ Буш го награди Али со претседателски медал на слободата.
Фотографиите во продолжение го прикажуваат неговото издигнување - почетоците од неговата кариера, па се' до неговата смрт.
Линк до галеријата.