X
 07.06.2016 Живот

Животот во Швајцарија: Образованието е гаранција за вработување

Јосип Шоштариќ е 38-годишен Хрват кој пред 14 години заминал во Швајцарија. Тој е таму со своето семејство, а денес е задоволен од животот таму.


- Нашите луѓе често не се подготвени за промени. Ние сме навикнати на Балканот да трошиме на луксуз. Некој сака автомобил, некој нов телефон, а сето тоа чини. Знам луѓе на кои 14 години овде ништо не им сменило, но нам ни смени. Создадовме добар живот, имаме недвижнини во Хрватска, финансиски сме независни - вели тој.

Но, тие се сами. Шоштариќ вели дека веднаш би се вратил, но не додека не се смени политиката и начинот на размислување. Тој додава дека кај нас е се` корумпирано и приватниците не може да преживеат. Во Лозана, се` е поинакво. Швајцарците ги почитуваат туѓите култури и не ја наметнуваат својата, открива тој.

- Данокот овде е огромен, но државата функционира. Добивам добра плата која ја трошам - вели тој.

Образованието е гаранција дека ќе имате работа


- Образовниот состав во Швајцарија е поинаков и нуди повеќе можности. Кај нас можеби повеќе се учи во основните училишта, но нивните средни се многу поквалитетни, имаат пракса, како и гаранција дека ќе имаат работа кога ќе заврши училиштето - вели Јосип.

Кога станува збор за работата, Јосип вели дека живее, работи и има министерска плата. Уште кога би можел да работи таму, а да троши во Хрватска, тоа би било живот, вели тој. Но, се` е до изборот.

- Живееме во Швајцарија и немаме автомобил, што за многумина е незамисливо, но затоа имаме куќа. Некои имаат ајфон и автомобил. Се` е работа на избор - вели тој.

Техниката е многу поевтина, открива тој. Но, нешто друго го чуди.

- Зошто нашите производи се поевтини во Швајцарија?

Конечно, тој вели дека дури и странците се чудат од балканскиот живот.

- Луѓето овде ми велат: Вие не сте нормални. Многу наплаќате, а ништо не нудите - вели тој.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот