Мора да се согласите - оваа инвалидска количка изгледа прилично неверојатно. Меѓутоа, всушност е уште поневеројатна отколку што мислите.
Она што се чини како лесно искачување по скали за вас, е недостижно за сите оние кои се во инвалидска количка. Меѓутоа, на повидок е напредок - инвалидската количка „Scalevo“ може да го промени тоа.
Оваа количка е проект на десет швајцарски студенти кои го започнале во текот на летото во 2014 година - осум студенти од Машинскиот и електротехничкиот факултет при Швајцарскиот сојузен институт за технологија и двајца од Факултетот за индустриски дизајн при Универзитетот за уметности во Цирих. Целта на овие млади креативци била да го подобрат животот на лицата со инвалидитет.
„Нашата цел беше да создадеме инвалидска количка која сама ќе може да се искачува по скалите“, објаснуваат тие на нивната веб страна. „Тоа е овозможено со систем наречен „Segway“ кој ги балансира двете главни тркала“.