X
 09.06.2016 Образование

Што мислат студентите за условите за живот во студентските домови?

Група студенти од ФИНКИ спроведоа мало истражување во рамки на нивниот предмет Медиуми и комуникации. Истражувањето е за условите за живот во студентските домови во Македонија.


Студентите направиле анкета, а одговарањето на истата од страна на студентите траела 5 дена. На анкетата одговориле 242 испитаници. Од резултатите гледаме дека голе дел од студентите не се задоволни од животот во студентскиот дом.

Студентите требало да ги оценуваат студентските домови од 1 до 5, со тоа што 1 е најлошо. 41% дале оцена 2, а 31% ги оцениле домовите со најниска оцена. Само 2% сметаат дека условите се одлични.





Соодветно на тоа, 89,9% од студентите состојбата со студентските домови во Македонија ја оценуваат како генерално лоша. 58,7% од студентите сметаат и дека цената за престој во студентските домови не соодвествува со понудените услови, а 43% од испитаниците одговориле дека состојбата во студентските домови се влошува.

Според оцените за секој посебен студентски дом, студентите ги дале овие просечни оцени:

- Просечната оцена на сите студентски домови во градот Скопје изнесува 2.07 (добиена од сите студенти кои претстојуваат во некој од домовите); 
- Просечната оцена за условите за живот и претстој во “СД Гоце Делчев” изнесува 2.21; 
- Просечната оцена за за условите за живот и претстој во “СД Стив Наумов” изнесува 1.91;
- Просечната оцена за за условите за живот и претстој во “СД Кузман Јосифовски - Питу” изнесува 2.12;
- Просечната оцена за за условите за живот и претстој во “СД Пелагонија” изнесува 2.44;
- Просечната оцена за за условите за живот и претстој во останатите домови во градот Скопје изнесува 1.2.







Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование