X
 25.10.2017 Живот

Ова е најиритирачкиот збор во англискиот јазик

Како се чувствувате вие кога ќе го слушнете тој збор? Се разбира дека не е најпосакуван. Во англискиот јазик, во изминативе 8 години, зборот „сеедно“ секогаш е на врвот на листата со најиритирачки зборови во јазикот.

фото извор: ncnewsonline.com    

Секоја година институтот за јавно мислење „Њу Марист“ ги објавува резултатите од анкетата за најиритирачките фрази на годината. Зборот „сеедно“ се смета за најиритирачки кога се работи за вообичаен, секојдневен разговор. Што е она што е најмногу вознемирувачко кај зборот?

Во речникот „Оксфорд“ зборот се опишува како одговор кој индицира на неподготвеност нешто да се дискутира и често се однесува на индиферентност. Најверојатно, индиферентноста најмногу ги вознемирува луѓето.

Според резултатите од анкетата, Афроамериканците и Латиноамериканците почесто се вознемируваат поради овој збор, со 57 и 42% соодветно. Исто така, повеќе им смета и на постарите генерации. Половина од Американците на 45-годишна возраст или постари сметаат дека зборот „сеедно“ е иритирачки, додека, пак, само 27% од младите Американци имаат проблем со тоа.

Други фрази што ги вознемируваат Американците, според резултатите од анкетата за 2016 година:

-    „Сеедно“: 38%
-    „Без навреда, но“: 20%
-    „Знаеш, нели?“: 14%
-    „Не можам ни да..“: 14%
-    „Огромно“: 8%
-    „Несигурно“: 5%
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот