Лабораторија од швајцарски универзитет ја користи вештачката интелигенција за да го предвиди резултатот од натпреварите на Европското првенство 2016 година кое започнува денес. Уникатниот модел на истражувачите ги користат перформансите на играчите како начин за предвидување на резултатите.
Веб страната kickoff.ai беше лансирана на 7 јуни од тројца доктори на науки од Лозана сојузниот институт за технологија, и е наменета за сите љубители на фудбалот.
„Сите тројца сме фудбалски фанови и сакавме да создадеме машина која ќе понуди нов сет на податоци“, вели Виктор Кристоф, еден од тројцата доктори кои ја лансираа страната.
Иако постојат неколку други модели за предвидување на фудбалските резултати, оваа страна вклучува две посебни карактеристики кои помагаат точноста да биде повисока.
Првата карактеристика е моделирање на перформансите на индивидуалните играчи, која обезбедува повеќе применливи да се вклучат кога го предвидуваат резултатот на еден натпревар. Повеќето традиционални модели само ја земаат во предвид ефикасноста на целиот тим, а не на секој играч одделно.
Втората карактеристика е употребата на „Bayesian“ инференција кој е статистички метод за испитување на веројатноста на одредена хипотеза. Таа дава проценка за степенот на доверба во
предвидувањето, земајќи ја во предвид неизвесноста кај тимовите кои никогаш не играле едни против други или пак некој нов играч.
Тимот го тестирал нивниот модел на фудбалското првенство во 2012 година и откри дека резултатите се доста слични.
Тројцата доктори планираат да го прошират својот модел за секоја поголем фудбалскиот шампионат во иднина.