X
 18.02.2020 Образование

Оскаровскиот филм „Паразит“ ги покажува недостатоците на образованието во Јужна Кореја

Филмот „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон-хо привлече големо внимание од целиот свет. Тоа беше првиот странски филм што освои „Оскар“ за најдобар филм на 92. по ред манифестација.
Но филмот се фокусира и на нееднаквоста во образованието во земјата, која често се фали со нејзиното издигнување од сиромаштија во азиска економска сила.

Акцентот на образованието потекнува од трансформацијата на Јужна Кореја по Корејската војна во 50-тите и 60-тите години - кога од најсиромашна земја успеа да се искачи на 12. место во светот според економската сила.

Трансформацијата била поттикната со охрабрување на граѓаните да станат пообразовани, што доведе до висока и интензивна конкуренција меѓу семејствата да ги испраќаат своите деца во најдобрите училишта и универзитети. Статистичките податоци покажуваат дека 70 отсто од младите Јужнокорејци се универзитетски образовани.

Јужнокорејските родители трошат големи суми за образованието на нивните деца.

univerzitet
Фото: Unsplash

Побогатите семејства во Јужна Кореја трошат многу повеќе пари на приватно образование отколку семејствата што не можат да си ги дозволат трошоците. Луѓето што немаат пари избираат да позајмат или да се искористи целата заштеда за да им дадат еднакви можности на своите деца.

Со толку млади луѓе во земјата што одат на колеџ, вредноста на факултетската диплома во Јужна Кореја е значително намалена, како и потенцијалот за заработка на дипломците.

Како што известува „Форбс“, поради ова, Јужнокорејците интензивно се борат да влезат во најдобро рангираните универзитети во земјата. Но, во Јужна Кореја има само три вакви универзитети, кои честопати се сметаат за најдобри и за единствен пат до успешна и добро платена кариера.

Иако младата популација е високообразована, земјата и понатаму се соочува со високи стапки на невработеност, особено кај дипломираните студенти.

Освен што не можат да најдат добро платена работа што ќе одговара на нивните квалификации, студентите се соочуваат и со стрес и анксиозност, во земјата каде што самоубиството е водечка причина за смрт кај тинејџерите.

Стресот да се завршат студиите и да се биде најдобар ученик почнува уште на училиште, кое завршува во 16 часот, а може да трае и до 23 часот со приватен тутор.

Том Овенби, кој поминал пет години предавајќи англиски во Сеул, вели дека не станува збор за наоѓање сопствен пат, туку за тоа да си подобар од тие околу тебе.

Владата воведува повеќе стручни обуки во обид да се справи со високите стапки на невработеност. Во 2010 година таа се обиде да го зголеми интересот на студентите за стручно образование и подобро да се усогласат потребите на пазарот на трудот.

Еден пример е воведувањето на средните училишта „Меистер“, моделирани според дуалниот систем на Германија, чиј фокус е на специфични индустрии како банкарство, производство и бродоградба. Постои голема конкуренција, но на дипломираните студенти им е загарантирано вработувањето.

Извор: Studyinternational.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование