X
 26.06.2016 Наука

Како би изгледале виоските температури во 2080 година

Ново истражување објавено изминатата недела во „Environmental health perspectives“ предупредува на катастрофа за САД, особено за Њујорк доколку не се променат некои работи.


Во извештајот стои дека бројот на годишни смртни случаи може да се зголеми до 3.331 до 2080 година доколку населението продолжи да расте и Њујорк не направи промени. Од 2000 до 2006 година, над 600 њујорчани годишно починале од причина поврзана со топлото време.

Доколку градот направи промени во начинот на кој се соочува со се' повисоките температури во блиска иднина, авторите велат дека бројот ќе се намали на 2.271 смртни случаи годишно од високите температури.


Авторите велат дека доколку градот направи радикални промени, бројот ќе се намали на 167 смртни случаи годишно, но тоа би барало огромно намалување на населението, имплементирање нови иницијативи како боење на покривите со рефлективна боја за ладење итн. Доколку не се направат промените, температурите во Њујорк ќе се зголемат за неколку степени до 2080 година.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука