X
 20.07.2018 Култура

Овој неверојатен аеродром за 50 години би можел да биде под вода




Меѓународниот аеродром Кансаи е архитектонско чудо. Тој е лоциран  на вештачки остров со должина од 4, а ширина од 2,5 километри среде заливот Осака, во близина на најголемиот јапонски остров Хоншу.

Поради недостиг на простор во Земјата на Изгрејсонцето, но и со намера да се намали оптовареноста на меѓународниот аеродром „Осака“, Јапонците во 1987 година почнале да градат вештачки остров, а седум години подоцна на новиот аеродром слетале и првите големи патнички авиони. Денес на ова воздушно пристаниште поминуваат повеќе од 25 милиони патници.

За изработка на островот се потрошени десетици милиони кубни метри материјал, што биле довлечени со осумдесет брода, а во градењето учествувале повеќе од 10.000 работници.


Аеродромот Кансаи во Осака
(Фото: Pixabay)


Еден од најголемите предизвици за инженерите бил да изградат вештачки остров на кој ќе биде сместен меѓународен аеродром кој ќе може да ги издржи постојаните земјотреси на ова подрачје, но и многубројните циклони. Сепак, градителите недоволно размислувале за климатските промени.

„Кога се градеше Кансаи, инженерите веројатно не размислувале за глобалното затоплување. За педесет години аеродромот би можел целосно да биде под вода“, тврди Стјуарт Шрекенгаст, професор по воздухопловна технологија на Универзитетот „Пердју“.

Дополнително, требало да се изгради и мостот „Скај гејт Р“ со должина од 3.750 метри, кој го поврзува островот со копното, поточно со градот Ринку, и кој овозможува проток на патници од и кон аеродромот со автомобили и возови.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура