Стакленичките гасови веќе имаат забрзан ефект на порастот на морското ниво, но влијанието досега најкатаклизмично беше во 1991 година со ерупцијата на планината Пинатубо на Филипините, вели најновото истражување предводено од страна на Националниот центар за атмосферски истражувања.
Сателитските опсервации кои започнаа во 1993 година, покажуваат дека стапката на пораст на морското ниво се задржа доста стабилно на 3 милиметри годишно. Но очекуваното забрзување поради климатските промени е сокриено во сателитските снимки поради случајноста на тајмингот: рекордот започна веднаш после ерупцијата Пинатубо, која привремено ја олади планетата, предизвикувајќи намалување на нивото на морето.
Новото истражување открива дека пониската почетна точка ефикасно ја искривува пресметката на пораст на забрзувањето на морското ниво во последните неколку децении. Истражувањето дава поддршка на проекциите на климатскиот модел кои покажуваат дека стапката на пораст на морското ниво ескалира со текот на времето како што се загрева климата.
„Кога го искористивме
климатскиот модел дизајниран да го отстрани ефектот на ерупцијата Пинатубо, видовме дека стапката на пораст на морското ниво ги забрзува нашите симулации“, вели научникот Џон Фасуло, предводник на истражувањето. „Сега, кога влијанието на Пинатубо е бледо, ова забрзување треба да стане видливо во сателитското мерење во наредната деценија, со исклучок на една голема вулканска ерупција“, додава тој.
Ко-авторот на истражувањето, Стив Нерем од Универзитетот во Колорадо Болдер, додава: „Ова истражување покажува дека големите вулкански ерупции можат значително да влијаат врз снимките од сателитот на просекот на глобалното ниво на морето. Мора да бидеме внимателни и да се разгледаат овие ефекти кога ги бараме ефектите на климатските промени во евиденцијата за нивото на морето од сателитите“.
Наодите имаат импликации дека степенот на нивото на морето се зголеми овој век и ова може да биде корисни за крајбрежните заедници кои планираат активности.
Климатските промени предизвикуваат пораст на нивото на морето на неколку начини: со затоплување на океаните што предизвикува водата да се шири и со топење на глечерите и ледените плочи кои се влеваат во океанот и се зголемува нивниот волумен. Во последниве децении, темпото на затоплување и топење е забрзано, а научниците очекуваат да видат соодветно зголемување на стапката на пораст на морското ниво.
За да го испитаат ова, Фасуло, Нерем и Бенџамин Хамилгтон од Олд Доминион Универзитетот работеле за да утврдат колку брзо нивото на морињата се зголемува во децениите пред да започнат сателитските снимки.
Пред започнувањето на меѓународната TOPEX/Poseidon сателитска мисија во 1992 година, нивото на морето воглавно се мерело со помош на мерен инструмент за плима. За да го надополнат историскиот запис, тимот користел база на податоци произведена од страна на Националниот центар за атмосферски истражувања со малку различни, но историски веродостојни услови.
Исто така бил оценет и друг сет на модели кој испуштал вулкански аеросолни честички во атмосферата од ерупцијата. Со споредување на две групи, научниците можеле да изберат сигнал од бучавата.
Користење модели за да се разберат набљудувањата
Анализирајќи ги симулациите, истражувачкиот тим откри дека ерупцијата на Пинатубо предизвика океаните да се изладат, а нивото на морето да падне за околу 6 милиметри пред TOPEX/Poseidon да започне со документирање на набљудувањата.
„Порастот на морското ниво потенцијално претставува едно од најштетните влијанија на климатските промени, такашто од клучно значење е да разбереме колку брзо ќе се зголеми во иднина“, вели Фасуло.