X
 26.06.2016 Живот

Психијатар советува како да се соочите со негативни луѓе

Некои денови, светот едноставно изгледа како да е полн со злобни луѓе. Секој околу вас е негативен и ви се чини дека сите се против вас во текот на овие денови.


Како да се ослободите од тој песимизам околу вас? Според д-р Марк Гулстон, психијатар на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, се работи за перспективата. Во неговата нова книга „Talking to crazy: How to deal with the irrational and impossible people in your life“, Гулстон пишува за едноставна стратегија за соочување со негативните луѓе. Оваа стратегија може да се користи на секого.

Што треба да правите?

Прво, издвојте ги сите негативни квалитети кај луѓето околу вас - оние кои ве нервираат. Потоа помислете на нивните спротивности. Замислете дека сите негативни активности на луѓето се нивните позитивни спротивности. На пример, наместо да се пожалите дека некој колега е себичен, замислете дека е дарежлив.

Границите на позитивното размислување


Можеби сте слушнале за позитивното размислување - метод според кој се препорачува гледање на светот оптимистички за да се почувствувате позадоволен и помалку нервозен. Но, ова позитивно размислување има ограничувања.

Психологот Габриеле Отинген предложува во нејзината книга „Rethinking positive thinking“ дека иако овој метод звучи одлично на хартија, во реалноста не е толку совршен. Мечтаењето за подобар свет е губење време бидејќи луѓето трошат време фантазирајќи за реалноста наместо да преземат конкретни акции за да го постигнат посакуваното. Таа го покажува ова и со 20-годишни истражувања.

Меѓутоа, стратегијата на Гулстон не е позитивно размислување. Зошто? Тоа е позитивно дејствување.

Земете го примерот со колегата. Не знаете што мисли или прави вашиот колега и веројатно никогаш нема да дознаете. Тоа не е важно. Важно е дека вие го менувате односот кон таа личност, начинот на кој одговарате на она што тие го кажуваат и прават. Со други зборови, помалку е битно што мислите за нивното однесување и повеќе е битен начинот на кој дејствувате и реагирате на нивното однесување во реалноста.

„Луѓето кои навистина се негативни може да се сменат, барем малку. Луѓето кои навистина не се негативни ќе реагираат на вашето однесување со олеснување, благодарност и топлина. Повремено, можеби ќе откриете дека нерационалната личност во врската впрочем сте биле вие“, вели Гулстон.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот