„Дали виде како вчера дојде на работа?“, „Дали виде кога ќерката на соседот се врати синоќа?“... Сите ги знаеме и сме ги слушнале овие или слични фрази, и сме почувствувале некој вид вина бидејќи му зборуваме некому зад грб.
Луѓето сакаат да озборуваат. Неодамнешно истражување покажало дека 80 отсто од времето зборуваме за интимните детали на друга личност.
Зошто луѓето озборуваат?
Според психолозите, главната причина е нашата желба да го поедноставиме процесот на воспоставување социјална врска со другите.
Заедничкото несимпатизирање на помоќните е всушност еден вид зближување. Луѓето чувствуваат одредена возбуда кога споделуваат доверливи информации за другите. Постојат луѓе што шират шпекулации, особено насочени на туѓи грешки и неуспеси, споредувајќи се себеси со тие несреќни луѓе.
Како можеме да го запреме озборувањето?
Психолозите открија едноставна
фраза која може веднаш да ги запре озборувачите. Па, кога некој ќе се обиде да ве вовлече во негативен разговор за некоја личност, прашајте го:
„Зошто ми го кажуваш тоа?“ - Иако звучи како едноставна фраза, таа е доста ефикасна. Прво, ова прашање ги отстранува сите себични мотиви за оној што озборува. Второ, со оваа фраза на вашиот соговорник му покажувате дека не сте заинтересирани да бидете вмешани во таков разговор.