X
 27.06.2016 Економија

Кои држави се следни?

Велика Британија гласаше и одлучи дека сака да ја напушти Европската унија. Референдумот од четвртокот беше причина и за оставката на премиерот и може да предизвика поделба на Обединетото кралство какво шо го знаеме сега. Но, ова не застанува тука.


Политичарите од континентот веќе размислуваат за слични референдуми. Можеби наскоро ќе добиеме Грегзит и Фрегзит и Финзит.

Франција

Лидерот на Националната партија објави статус на „Твитер“ во кој ја поддржува одлуката на Велика Британија.

„Победа за слободата. Како што велевме со години, сега мора да го имаме истиот референдум во Франција и другите земји од ЕУ“, напишала таа.

Холандија

Холандскиот политичар кој е против имиграцијата Гир Вајлдерс изјавил дека Холандија сега заслужува референдум.

„Сакаме да бидеме одговорни за нашата земја, нашите пари, нашите граници и нашите закони за имиграција“, вели тој.

Анкета од „Pew research centre“ покажува дека 46% од Холанѓаните не сакаат да останат во ЕУ.

Грција

Ова изненадува, но факт е дека 71% од Грците не сакаат да останат во Европската унија. Италија Матео Салвини, лидер на анти-имиграциската партија Северна лига во Италија напишал на „Твитер“: „Ура за храброста на слободните граѓани! Срцето, мозокот и гордоста ги победуваат лагите, заканите и уцените. Ви благодарам и сега е ред на нас“.


Германија

Беатри вон Сторх од партијата АфД го повикала претседателот на парламентот, Мартин Шулц, да поднесе оставка на денот на референдумот во Велика Британија.

Финска

Финскиот парламент можеби ќе биде првиот со референдум. Веќе се собираат потписи за петиција за одржување референдум и собрана е една петина од потребните потписи.

Данска

Кристијан Тулесен Дал, лидер на Партијата на Данците изјавил дека референдум во земјата би бил добар демократски потег.

Австрија

Неодамнешна анкета покажала дека 40% од Австријците сакаат сопствен референдум за членството во ЕУ, додека 38% изјавиле дека би излегле од унијата.

Останатите земји

Политичарите скептични на Европската унија низ континентот го користат моментот за да лобираат, а анкетите покажуваат дека некои земји би можеле лесно да бидат убедени во нивните убедувања.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија