Малку работи нервираат повеќе отколку недостатокот на место на ајфонот. Колкупати сте морале да бришете пораки или слики за да ослободите простор?
Постојат повеќе други начини за ослободување простор на ајфонот, но „NY mag“ пишува за еден трик со кој може да ослободите место без да бришете нешто.
Прво, проверете колку место имате на телефонот.
Со телефонот приклучен на компјутерот, отворете ја апликацијата iTunes и одете во Movies. Одберете било кој филм и притиснете на зеленото Rent. Не грижете се, нема да го изнајмите филмот.
Кога ќе започне да се презема и кога ќе започнете да мислите дека сепак можеби имате место на телефонот, телефонот ќе ве потсети дека немате доволно место за да го гледате филмот.
Доколку сега се вратите во подесувањата за меморијата ќе видите дека магично сте добиле повеќе меморија.
Од „NY Mag“ велат дека не знаат како и зошто функционира ова, но сепак се задоволни што имаат повеќе место на телефонот.