„Гугл“ може да ви помогне да најдете речиси сè, но не вреди кога ќе го изгубите телефонот - сè досега.
Пребарувачот сега може да го побара вашиот изгубен уред директно од својата почетна страница.
Сè што треба да направите е да напишете „Find my phone“ и „Гугл“ ќе ви покаже каде се наоѓа вашиот телефон на мапа.
Потоа може да звоните на бројот или да го заклучите.
За да ја користите опцијата телефонот мора да ја има последната верзија од основната апликација на „Гугл“ и вашиот прелистувач треба да биде вклучен со истиот профил како и телефонот.
Ти благодариме, „
Гугл“.