X
 13.07.2021 Здравје

Ретка група луѓе имаат мозоци што никогаш не остаруваат

Мала група луѓе може да остарат, но нивниот мозок да остане млад. Дури и во 60-тите, 70-тите и 80-тите години овие луѓе имаат одлична меморија и се сеќаваат на искуства, настани и ситуации како лицата што се децении помлади од нив. Ова се случува затоа што нивните мозоци некако успеваат да останат млади, покажува ново истражување.

Во истражувањето се снимала работата на мозокот кај припадници на оваа група луѓе и било забележано дека активноста на нивните мозоци е иста како на лицата во средните 20-ти години. Овие лица некако ја одбегнале атрофијата на мозокот која се случува кај постарите лица, објаснува неврологот Александра Турутоглу од општата болница во Масачусетс.


Фото: Freepik

Луѓето што имаат одлична меморија и во староста им го привлекле вниманието на научниците дури неодамна, а начинот на кој овие лица ја задржуваат ефикасноста на работата на мозокот сè уште е мистерија.

Некои истражувања покажуваат дека овие лица имаат одредени карактерни особини кои можеби играат улога во стареењето на мозокот, а според други истражувања, станува збор за среќа бидејќи многу од овие лица не водат здрав живот.


Фото: Freepik

Во новото истражување биле вклучени 40 постари лица со просечна возраст од 67 години и 41 младо лице со просечна возраст од 25 години. Во постарата група имало 17 лица со одлична меморија. Сите испитаници требало да решат одредени тестови за меморија, а истражувачите откриле дека мозоците на лицата со одлична меморија функционираат на сличен начин како кај помладите лица, а не какао кај нивните врсници.

Биле анализирани два региона од мозокот кои се поврзани со помнењето визуелни податоци. Авторите на истражувањето бараат да се продолжи истражувањето на овие луѓе со повеќе испитаници.

Извор: Science Alert
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје