X
 29.06.2016 Образование

Студентскиот пленум ќе ги блокира утрешните студентски избори

spukim

 

Студенсткиот пленум најави блокада на студентските избори на УКИМ кои се закажани за утре, ако Студентскиот Парламент (СПУКМ) остане на одлуката да спроведе избори за нов претседател. Пленумците на прес-конференција денес најавија дека на последната седница на Сенатот договорено е да се формира Комисија која до 15. септември треба да изготви предлог измени во Статутот за студентското дејствување, па затоа и не е логично сега да се спроведуваат избори.

- Студентите сега ќе имаат шанса да го изменат Статутот да го демократизираат студентското организирање и да го отворат процесот за сите студенти на УКИМ. Затоа ги повикуваме сите студентите утре 12 часот на платото на УКИМ да се приклучат на блокадата на студентските избори- изјави Ивана Туфегџиќ – членка на Студентскиот Пленум.

Изборите за нов студентски претседател се закажани за утре во 12 часот во просториите на УКИМ, а нов студенстки лидер ќе се бира помеѓу студентите Давор Поповски од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Стефан Василевски од Медицинскиот факултет. Актуелниот претседател на СПУКМ, Кирил Спировски пак останува на ставот дека треба да се спроведат избори.

Еве што најавија Пленумци на нивната Фејсбук страница:

Зошто бојкотираме?
За да го вратиме највисокото претставничко тело во рацете на студентите!

Овие избори се распишани од студенти кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори.
- Овие избори се спроведени во лето надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во скопје и не можат да гласаат.
- На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот.

Зошто се важни овие избори?
Претседателот на СПУКМ е највисокиот претставник на студентите. Тој одлучува кој ќе биде следниот ректор на вашиот универзитет! Тој седи во наставно научен совет! Тој одлучува дали парите на студентите ќе се трошат за студентски журки или студентски домови! Тој ќе биде оној кој кога ќе има студентски протести ќе излезе и ќе им се придружи наместо да ги дискредитира!

Блокирањето на избори не е кривично дело!
Според член 122 став 10 од Крвичниот законик на Р.М.

,,Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на граѓани во Собранието на Република Македонија и во локалната самоуправа, за претседател на Република Македонија и изјаснувањето на граѓаните на референдум."

Кривичниот законик не ги дефинира изборите за Претседател на СПУКМ во објаснувањата на значењата и изразите на Законикот, што значи блокирањето на истите и повик за спречување на дискриманторските и нелигитимни избори на СПУКМ не претставува кривично дело.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование