X
 26.04.2015 Образование

Средношколците од утре ќе бојкотираат пред МОН


На последниот марш одржан од средношколците во неколку градови низ Макеоднија беше најавена радикализација на бојкотот. Поточно, средношколците најавија дека бојкотот ќе биде преместен од училишните ходници пред Министерството за образование и наука доколку не добијат средба со министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.

Вчера беше одржан генерален пленум на кој се одлучи поставување на бојкотот кој беше најавен. Средношколците ќе седат, јадат и спијат пред МОН сè додека не добијат средба.

Средношколскиот пленум извести за ова во објава на „Фејсбук“:

„На денешниот генерален пленум едногласно се одлучи најавениот фронт на бојкотот пред МОН (во паркот на новинари) да се постави во понеделник, каде ние 24 часа дневно ќе го чекаме министерот да не прими на средба. Повеќе информации ќе бидат објавени во соопштение утре. Само напред соученици, силни, сложни и храбри до КРАЈ! ‪#‎ПоздравПленумци‬“

Потсетуваме, средношколците бараат повлекување на новите реформи поврзани со државната матура, меѓу другото повлекување на математиката како задолжителен предмет за полагање.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование