Затворете ги очите и замислете си тишина без цимери или врева, мириси и нереди. Можете да правите што сакате и кога сакате.
Додека некои луѓе мислат дека би биле осамени или би им било страв да живеат сами, други сонуваат да бидат сами и да имаат свој простро.
Илустраторот Идалија Канделас од Мексико ја извлече нејзината инспирација од искуството во живеењето сама и сето тоа го прикажа во серијата фотографии наречена „Postmodern Loneliness“.
„Постојат добри времиња и лоши времиња. За да ја завршам работата, потребно е да бидам фокусирана, па за мене е одлично кога сум сама и се релаксирам“, вели таа.
Илустрациите на Канделас прикажуваат смиреност, со што ја менуваат идејата дека луѓето кои живеат сами се анти-социјални или депресивни.
„Во мојата земја се'уште постојат луѓе кои мислат дека човек треба да стапи во брак и да има деца; ако не ги исполниме овие очекувања на општеството тогаш општеството не' гледа како неуспешно. Знам многу луѓе кои живеат сами и се среќни и успешни. Се надевам дека ќе сфатат дека и тоа е начин на живот“, вели таа.
Линк до галеријата.