X
 13.03.2016 Живот

Работи кои секое дете треба да ги слушне од своите родители

Децата не се предмети; тие се мали луѓе - чувствителни, невини, исплашени, љубопитни. За нив животот е нешто ново кое сакаат да го искусат и запознаат. А кога сè е ново, стравот може да предизвика висока или ниска самодоверба.

Важно е да се запомни тоа. Тие не се во животот за да ги поддржува вашите емоционални потреби ниту пак се мали роботи кои треба да ги контролирате или на кои треба да им наредувате како треба постојано да се однесуваат. Тие се луѓе. Потребно е да научат како да бидат отпорни, да се сакаат себеси, да се грижат за другите, да го ценат неуспехот и да го претворат во триумф. Нив им е потребна позитивна самодоверба. А нивната самодоверба е под директна заштита од вас - нивните родители.

1. Те сакам


Можете да му дадете на детето премногу работи, но не постои нешто како премногу љубов. Кога му кажувате на вашето дете дека го сакате, со тоа им покажувате дека е вредно. Тоа им дава храброст и време да порасне; им дозволува да прават грешки, ги опоравува и им создава чувство на радост. Љубовта ги развива нивните идеи кои им се од големо значење и им дава надеж. Кога им ја искажувате љубовта вие им покажувате дека се вредни и достојни и им покажува како да ги сакаат другите.

2. Горд/а сум на тебе

За да развијат здраво чувство за себеси, на децата им е потребна афирмација и валидација. Тие се жедни за вашата поддршка и благослов и го насочуваат однесувањето кон стекнување на одобрување, љубов и прифаќање. И покрај тоа што можеби не се согласувате секогаш со тоа што ќе го изберат, мора да им честитате за завршената задача - патување до нивната независност. Иако многу родители им кажуваат на децата дека се горди, разликата е во квантитетот, креативноста и искреноста.

3. Не сум во право и ми е жал


Кога признавате дека не сте во право, вие им покажувате дека сте човек и дека имате сочувство за тоа како тие се чувствуваат. Кога сте реални со нив, покажувате дека не е возможна совршеност - ниту за нив, ниту за себеси. Прифаќањето на сопствените несовршености бара искреност, а кога ќе му признаете на вашето дете, му помагате да ги прифати своите несовршености со што се зголемува самопочитта.

4. Ти простувам

Лесно е да се мисли дека како родител, вашето време и вашите потреби и желби имаат повисока вредност отколку оние на децата, па ги третирате како предмети кои треба да ги задоволат вашите барања и желби според вашпиот начин и според вашата временска рамка. Ова е целосно нефер. Никој не е совршен. Како родители ние сме виновни за работите кои ги велиме а не ги мислиме, и правиме работи кои не треба да ги правиме. Сите ние залудно го трошиме времето, ги прекршуваме ветувањата, ги забораваме важните работи... Никој од нас не ги исполнува сите очекувања кои ни се поставени од другите луѓе, вклучувајќи ги и сопствените. Децата се подеднакви како и сите луѓе.

Но никој, особено не на таа возраст не сака постојано да биде потсетуван како направиле погрешен избор или грешки. Ниту пак треба да биде казнет постојано или понижен пред другите. Како родител, треба да пронајдете баланс помеѓу нивното соочување со последиците од своите постапки и фактот дека тие имаат чувства.

5. Те слушам


Важно е да го слушате вашето дете за да знае дека сте заинтересирани за она што го кажува. Преку слушањето, вие учите за тоа кое е вашето дете и што размислува. Ве поврзува со нивниот внатрешен свет и создава интеракција која е взаемно задоволувачка. За да избегнете непотребни недоразбирања, корисно е да го рефлектирате сето она за кое сте комуницирале како потврдување на фактот дека сте ги слушнале точно.

6. Ова е твоја одговорност


Личната одговорност е дел од растењето. Кога вашето дете донесува одлука, без разлика дали е мудра или не, се соочува со последиците од одлуката која ја донело. Кога родителите ги тераат децата да бидат одговорни за сопствените одлуки и постапки, резултатот е ефективна лекција. Вашето дете за брзо време ќе научи кои акции се позитивни а кои имаат негативен резултат. Овие искуства му помагаат да научи да биде одговорно и ги води кон правилниот пат во иднината.

7. Имаш сè што е потребно за да успееш

Концептот на успехот е директен резултат дека напорот и упорот започнуваат рано. Здравата самодоверба кај вашето дете е заштитен оклоп против предизвиците на светот. Воспитајте ги вашите деца да ги научат своите предности и слабости и да се чувствуваат подобро за себеси. Со тоа, на вашите деца ќе им биде полесно да се соочат со конфликтите  и ќе бидат отпорни на негативен притисок.

Охрабрете ги вашите деца со тоа што ќе верувате во нив. Прославувајте ги нивните напори, достигтнувања и помогнете им кога нема а успеат. Научете ги дека неуспехот е форма на успех, бидејќи преку нивните неуспеси тие ќе го отворат патот до успешен и исполнет живот.

Нека љубовта и дисциплината бидат водечка сила. Ако ја уништите самодовербата на вашите деца ефектите се доживотни. Само вашата љубов и дисциплината ќе го водат вашето дете кон успешен живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот