Корисник на „Тик-ток“ неодамна во продавница за производи од втора рака наишол на дневник на жена која живеела во 50-тите години во САД, во кој детално го опишувала секој ден.
Откако го прочитал, корисникот заклучил дека дневникот ѝ припаѓа на домаќинката Нели од Оклахома. Набрзо создал цел тик-ток канал посветен на истражувања на записи од
дневникот. На секои неколку дена постирал по еден запис од дневникот, а бидејќи дневникот бил џебен, записите биле кратки - од неколку збора до неколку реченици.
Во најголемиот дел, во дневникот биле детално опишани работите што Нели ги правела или ѝ се случувале во текот на денот. Додека некои записи покажуваат лошо расположение како: „Не правев ништо само јадев цел ден“, други се подетални и поинтензивни, како моментите кога таа одела на свадба: „Денес е обоена свадба и е исто толку убава како и другите“.
Дневникот служи како увид во тоа каков бил животот во 1957 година, а Нели честопати пишува имиња како Вини, Џинкс и Гарланд. Во еден запис таа детално го опишува нејзиното патување во Албукерки, Ново Мексико, каде што пишува дека едно кафе и пита чинат 31 цент, а вечера чини 55 центи, што денес е 2,90 и 5,15 долари.
Тик-ток каналот стана вирален, со повеќе од 1,2 милион лајкови и 200.000 следбеници. И понатаму се споделуваат видеа од записите на неколку дена.
ТУКА можете да го разгледате каналот и сите видеа од записите на дневникот.
Извор:
Bored Panda
Фото:
Otherworldesign