X
 05.07.2016 Наука

Неверојатни факти потврдени од науката

Ако училиштето не' научи нешто за науката, тоа беа зборови кои најчесто не можевме да ги изговориме и дека беше еден од најдосадните часови. Но, ако наставниците ни ги кажаа овие факти, веројатно ние би биле добитници на Оскар за наука. Или каква и да е наградата која ја добиваат научниците.

 

делфин

 
Долго време се сметало дека видот „Microhyla nepenthicola“ биле мали жапчиња од различни видови. Меѓутоа, во 2011 година се открило дека тие се еден вид кои се прогласени за најмалите 'рбетници во светот.

Истражување од 2016 година ја потврдува теоријата на Ричард Фејнман од 1960 година која се базира на релативност, тврдејќи дека јадрото на земјата е две и пол години помладо од нејзината кора. Причината за тоа е што јадрото има повисок гравитациски потенцијал со што времето поминува побавно. Јадрото на Сонцето исто така е 39.000 години помладо од неговата површина.

Научниците открија дека постои растечки тренд помеѓу морските лавови да силуваат пингвини.

Бумбарот од видот балегар секогаш се движи во права линија, дури и за време на ноќите без месечина. Тие се движат со помош на Млечниот пат.

Како дополнување на бојата и мирисот, цвеќињата користат малечки електрични полиња, уникатни за секој вид, за да привлечат инсекти кои ќе ги запрашат. Пчелите ги забележуваат овие полиња со помош на малечки влакна на нивните тела.

Оваа ајкула има црна коња која сjае, светкави очи и заби кои се проѕирни. Најдобриот дел е тоа што нејзиното име е „Ninja Lanternshark“.

Истражувачите од Велика Британија велат дека кравите кои имаат имиња произведуваат 3.4% повеќе млеко годишно од оние кои немаат име. Според истражувањето, исто како луѓето, и кравите се чувствуваат посрено и порелаксирано ако добијат внимание.

„Thiomargarita namibiensis“ е огромна помеѓу бактериите. Таа е толку голема што може да се види и без микроскоп.

Целиот универзум каков што го знаеме, со сите галаксии и милијарди ѕвезди е само 4% од целосната маса на универзумот; 3.6% од него е интергалактички гас. Но, што е останатото? Одговорот е: 22% темна материја и 74% темна енергија или со други зборови: Не се знае!

Истражување од Финска направено во 2016 година користело ласерски скенери за да го набљудуваат дневното движење на дрвјата. Тие откриле дека целото дрво на еден начин „паѓа“ навечер, а потоа пркнува пред изгрејсонце.

Птиците од видот „songbirds“ знаат да зборуваат на бебешки начин. Тие им пејат пократки и повторливи песни на своите малечки со цел да ги научат.

Истражување од 2004 година покажува дека кокошките повеќе сакаат убави луѓе.

Некои луѓе им се повкусни на комарците. Околу 85% од секретот на човекот е хемиски сигнал преку кој комарците ја детектираат крвната група.

Во 2012 година, група на морски биолози во Австралија открија дека делфините се всушност „ганстерите“ во океанот. Тие имаат комплексни социјални хиерархии како луѓето, и се способни да формираат сојузништво или непријатели со други групи на делфини. Всушност, постои и група во сојузништвото која ги напаѓа непријателите со цел да им ги земат женките. Тие исто така се способни да променат страна.

Истражување од 2011 година открива дека мажите со рапав глас имаат пониска сперма отколку оние со повисок глас. Се верува дека ова е еволутивно, бидејќи на мажот со ниска сперма му е потребна друга предност за да ги привлече жените.

„Drosera Mastica“ е месојадно растение кое неодамна било откриено во Бразил после фотографија постирана на Фејсбук.

Според истражувачите од Универзитетот во Чикаго, постои таканареченото „Olfactory dysfunction“, што претставува намалената способност да се идентификуваат мирисите, со што е силен предвидувач на смртта во рок од пет години помеѓу старите луѓе.

Во 2016 година НАСА откри астероид кој орбитира околу нашата земја скоро еден век, и ќе продолжи да го прави тоа уште стотици години.

Истражување направено од Универзитетот во Сасекс открива дека личноста која ја сметате за ваш непријател ќе ви мириса лошо.

Истражување од 2012 година открива дека плунката на отровниот гуштер „Gila monster“ може да помогне во намалувањето на желбата за чоколадо и храна.

Експериментите потврдуваат дека машките муви одбиени од женките консумираат 4 пати повеќе алкохол.

Истражувачите откриваат дека лилјаците ги прислушкуваат мувите додека имаат секс со цел да ги ловат.

Научниците открија дека најболното место на кое може да ве касне пчела е внатреноста на вашиот нос. После ова место е горната уста и пенисот.

Микробиолозите на Универзитетот во Вашингтон открија стотици гени на ткивото на неодамна починатиот глушец. Овие гени се „разбудиле“ и останале активни до 4 дена откако нивниот домаќин починал.

„Jotus Remus“, нов вид на пајак откриен во 2016 година користи уникатни начини за додворување. Мажјаците се кријат под лист и мавтаат со нивната нога во вид на срце, со надеж дека женката ќе биде привлечена од него.

После долго време набљудување на рибата од видот харинга, научниците откриле дека тие испуштаат меурчиња од нивниот задник, и заклучиле дека тие го користат прдењето како начин за комуникација.

Истражувачите од Сингапур откриваат дека желките од видот „Chinese soft-shelled уринираат преку нивната уста.

Во 2015 година истражувачите од Јеил успеваат да создадат „дино-кокошки“. Тие ги менуваатт гените на ембрионите на кокошките за да променат како ќе бидат формирани нивните клунови  со што резултираат со клунови кои личат на диносауруси, поточно на Великорапторите.

Истражувачите во Јапонија пронајдоа група на полжави наречени „Chromodoris reticulata“ кои го губат пенисот после секс, но после неколку часа им расте нов. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука