X
 26.06.2017 Наука

Научниците имаат одговор зошто се појавуваат „светлите ноќи“

Феноменот „светли ноќи“ (bright nights), кога за време на вечерта небото е необјасниво светло толку многу, што е можно да се чита книга под таа природна светлина, е мистерија за научниците со векови, но сега можеби и за оваа појава тие имаат објаснување.

фото извор: NASA

Според нова студија, ефектот се креира како атмосферски бранови на висока надморска височина, кои бавно се движат и се составуваат заедно. Засилени создаваат природно светло, гасовити атоми кои не се обично видливи. Двајца истражуважи од Јорк универзитетот во Канада, ги споредиле до сега познатите податоци со снимки од атмосферски бранови и пронашле поврзаност. Светлите ноќи од секогаш биле ретки и во денешно време е многу ретко да се забележат заради големата загаденост на воздухот.

Појавата ја има во атмосферата и се формира од неколку хемиски реакции. Научниците забележале дека кога оваа светлина се меша со атмосферските бранови предизвикани од времето, светлите ноќи можат да траат неколку ноќи по ред, креирајќи светлина која е 10 пати посилна од вообичаената. Научниците велат се работи за атмосферска динамика.

Според податоците, ваквиот ефект се појавува еднаш годишно, а за да се забележи потребно е ноќта да е чиста (временски) и нема потреба од полна Месечина.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука