X
 06.07.2016 Образование

Научно докажани начини да ја победите тремата пред испит

Многу студенти пред и за време на испит преживуваат големи стресови. Други студенти поминуваат низ испитните тортури многу лесно, брз многу паничење. Иако за ваквиот став е потребно многу вежби и припреми, постојат лесни и брзи решенија кои ќе ви помогнат да не паничите пред испит, а кои не бараат многу вежби бидејќи за тоа и немате баш многу време. Ова се неколку научно докажани трикови кои ќе ви помогнат при полагање на испит.


Вдишете длабоко

Во стресни ситуации или под притисок, мозокот е преплавен од хормони како адреналин и кортизол. Во многу случаеви ова прави луѓето да брзаат бидејќи им се чини дека немаат многу време на располагање, иако имаат. Научниците откриле врска измеѓу емоциите и отчукувањето на срцето: колку повеќе сте под стрес, срцето ќе ви чука побрзо. Но телото често ги интерпретира отчукувањата на срцето како стрес што доведува до ескалација. Ако за момент застанете и вдишете длабоко, ќе го успорите чукањето на срцето, хормоните кои сигнализираа дека сте под стрес.

Прочитајте го прашањето два пати - без пенкалото во раце

Една од најчестите грешки на испит е погрешно прочитано прашање. Иако звучи банално, но сепак шансите на такви лесни грешки се големи. Студентите кои се со потемпераментен карактер, би требало да не го држат пенкалото во раце за да ја спречат потребата од брзо читање на прашањето и брзо одговарање. Сетете се - дали порано сте одговориле на слично прашање? Иако ви се чини дека не го знаете одговорот на прашањето, потсетувањето на процесот на учење може да ве доведе до одговорот. Ова е возможно бидејќи ќе ве поттикне да размислувате на проблемот во кој сте соочени, наместо да паничите. Овој концепт на размислување на начинот на кој размислуваме (метакогниција) е еден од најделотворните начини да ја подобриме самосвеста и самоконтролата.

Што би кажал вашиот професор?

Психолозите знаат за Данинг-Кругеровиот ефект, кој објаснува ситуација каде почетниците ги преценуваат своите можности па се помалку свесни на своите ограничувања. Професорите пристапуваат на овој проблем така што ги замолуваат студентите да се стават во позиција на некои постари и помудри личности. Запрашајте се што би рекол Вашиот професор и како тој би го одговорил тоа прашање - сигурно же ви помогне да дојдете до некои сосема нови перспективи. Подобро е да погодувате одговор отколку да оставите празнина или да не заокружите. Ако не напишете ништо гарантирано ќе паднете на испит, зошто барем не пробате посебно ако немате што да изгубите? Единствена ситуација во која ова не се препорачува оваа метода е доколку за неточни одговори можете да добиете негативни поени.

Не се нервирајте се премногу

Мали дози на стрес и нервоза можат да ги подобрат нашите перформанси, но во големи количини важи баш спротивното - ќе престанете да размислувате јасно и концизно. Еден од показателите дека сте под стрес е размислување во екстреми, и очекување дека морате да имате максимално поени или слично. Овие „се или ништо“ размислувања не помагаат, затоа пробајте да бидете потолерантни кон себе за време на испитот. Користете фрази како „би можел“, и „понекогаш“.

Среќно!


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование