X
 08.07.2016 Култура

"Денот кога се роди добриот човек" в недела во Кавадарци

„Денот кога се роди добриот човек“ е насловот на меморијалната манифестација посветена на Дејан Костов-Лиса, која ќе се одржи в недела во Кавадарци, на платото под „Винска куќа“ во Кавадарци.



Почетокот на петтото издание посветено на Лиса, урбан лик од Кавадарци, соработник на најдобрите кавадаречки уметници, дете од вистинскиот центар на градот, е закажано за 19 часот. Мултимедијалниот настан го организираат долгогодишните пријатели и соработници на Дејан Костов Лиса, денес собрани во Здружението за алтернативна култура „Алтер-Центар“ од Кавадарци.

- Низ сите досегашни изданија на оваа манифестација провејуваше урбаната култура со учество на познати рок музичари од Кавадарци и Македонија, како и познати кавадаречки урбани поети, ликовни уметници и актери. Манифестацијата се одржува под отворено небо и досега освои повеќе градски простори, во чии рамки особено место добија млади уметници од различни дејности, па така и годинава ќе се случи спој на младоста и искуството - вели Марјан Тодоровски од „Алтер-Центар“.




Петтото издание на „Денот кога се роди добриот човек“ ќе донесе рок музика во анплагд изведба на кавадаречкиот рок бенд „Бадасал трио“, ликовен перформанс предводен од младиот кавадаречки уметник Трајче Јованов, урбана поезија, актерски моменти и друго.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура