Вселенското летало на НАСА, Џуно, ги испрати првите фотографии од неговото пристигнување на Јупитер.
Фотографијата доставена вчера покажува дека Јупитер е опкружен со три од неговите четири најголеми месечини.
Фотографијата била направена во саботата кога вселенското летало Џуно кружеше 4 милиони километри оддалечен. Дури и од таа далечина беше видлива Големата Црвена Точка - атмосферската бура стара неколку векови. Џуно влезе во орбитата на Јупитер минатата недела после пет годишното патување.
За време на пристапот до
Јупитер, камерата и инструментите на Џуно беа исклучени како мерка на претпазливост, бидејќи Џуно се соочувал со интензивно зрачење. Инструментите биле повторно приклучени неколку дена после пристигнувањето.