X
 29.12.2016 Наука

Во 2017 година ќе се случи најголемиот астрономски настан


Затемнување на Сонцето

Во астрономските кругови не постои поспектакуларен ѕвезден настан од целосното затемнување на Сонцето. По долго време, ова ќе биде видливо во САД во 2017 година. Покрај соларното затемнување, во годината што доаѓа на небото ќе има и други извонредни глетки што ги вклучуваат планетите Венера и Јупитер, но и два потенцијално густи метеорски дождови.

На 21 август 2017 година, Месечината целосно ќе го блокира Сонцето, а тоа одлично ќе се види во Соединетите држави. Последен пат кога Американците имаа прилика да го посведочат овој голем ѕвезден настан било во 1979 година.

Но, има една мамка: за да можете да го видите затемнувањето, мора да бидете на вистинското место. За да имаат комплетно доживување, Американците треба да се затекнат на тесен пат меѓу Орегон и Јужна Каролина или да отидат на запад до Мисури, Небраска, Вајоминг и Ајдахо. На овој линк можете да ја погледнете деталната мапа на затемнувањето.

Метеорските дождови, пак, се променлива појава што не може да биде предвидена од егзактните науки. Меѓутоа, постои веројатност на 21 октомври да се појават Орионидите, а на 17 ноември – Леонидите. Месечината нема да им го попречува патот, па се очекува сјаен метеорски дожд.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука