X
 16.08.2015 Уметност

Најпознатиот француски булдог во светот на уметноста

Пикл обожава добра селфи фотографија. Францускиот булдог има направено фотографии пред скулптурата на Ричард Сера и пред многу други уметнички дела.

 

1


„Таа навистина обожава скулптури кои може да ги душка и да открие што се. Навистина ги почитува уметничките дела, и секогаш сака да знае што се“, вели сопственичката на Пикл, Кејти Хауард.

Самата Хауард е советник за уметност, а нејзиниот сопруг е уметникот Нат Вард. За филантропијата на Пик вели: „Едноставно не ни се допаѓаше идејата да ја оставиме сама кога не мораше да ја оставиме. Години пред да започне овој проект таа беше околу нас и вклучена во светот на уметноста“, вели Кејти.

 

2

3


„Идејата започна и стана сериозен проект откако отидовме на групно шоу. На шоуто се користеше писта која сите требаше да ја користат, но никој не ја користеше, па затоа ја ставивме Пикл, а потоа некој го стави своето бебе. Сите започнаа да фотографираат - беше навистина прекрасен момент“. Уште од тогаш Пикл стана еден дел од светот на уметноста.

 

4

5


„Таа обожава се` што наликува на кучешки играчки“, вели Кејти. Инстаграм профилот на Пикл има над 5.000 следбеници, а неодамна објави и оглас во кој бара практикант да помогне во проектот. „Во моментот работиме на неколку проекти, вклучувајќи и соработка со „Love Thy Beast кои создаваат платна кои истовремено можат да носат и кучиња. Мислете на него како торба за вашиот уметнички свет во кој ќе можете да го носите и вашето куче“, вели таа. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност