X
 13.07.2016 Наука

Најголемата закана за човештвото според Стивен Хокинг

Од сите работи кои му се закануваат на човештвото, Стивен Хокинг мисли дека човековата глупавост е најголема закана.


Во неодамнешно интервју за „Larry King Now“, познатиот теоретски физичар изјавил дека во текот на последната деценија „сигурно не сме станале помалку себични или помалку глупави“ во начините на кои се однесуваме со нашата околина. Тој додал дека порастот во населението барем малку е причина за состојбата на нашиот природен свет, а тој го вели ова веќе одредено време.

„Пред шест години, предупредив за населението и преголемото населување. Тоа се влоши оттогаш“, вели Хокинг.

Доколку продолжиме вака, глобалното население до 2100 година ќе брои 11 милијарди луѓе. Загадувањето на воздухот се зголемило за 8% во последните пет години. Дали е предоцна за одбегнување опасни нивоа на глобалното загревање?

Порастот на населението и загадувањето не се единствените закани за човештвото според Хокинг. Физичарот порано рекол дека смета постои опасност од погрешно користење на вештачката интелигенција од страна на владите.

„Владите изгледа дека се во трка со оружја со вештачка интелигенција, дизајнирање авиони и оружје со интелигентни технологии. Финансирањето за проектите кои се директно добри за човековата раса, како подобра медицина, изгледаат како послаб приоритет“, вели Хокинг.

Тој пишувал за иднината на вештачката интелигенција и за нашата способност за контрола на истата.

„Кога машините ќе стигнат до критичката фаза во која се способни да еволуираат самите, не може да предвидиме дали нивните цели ќе бидат исти како нашите“, вели Хокинг.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука