X
 24.02.2017 Наука

Мистериозно исчезнување на металот што може да го промени човештвото


Бледа жолта точка

Малото парче метал за кое научниците од Универзитетот Харвард тврдеа дека во потполност може да го промени човештвото, мистериозно исчезнал, пишува Independent.

Според една теорија, тоа ситно парче од метален водород би бил суперпроводник способен за драматично подобрување на проводливоста на струјата, за побрза работа на компјутерските системи, за заштеда на огромни количини на енергија која се губи во текот на преносот, но исто така би овозможил и развој на сосема нова генерација супер-ефикасни електрични возила. Овој необичен метал исто така би можел да се користи и како неспоредливо подобро и посилно ракетно гориво, кое би овозможило многу побрзо истражување на Сончевиот систем.

За време на испитувањето, малиот примерок од металот се наоѓал помеѓу два мали дијаманти, и бил изложен на притисок поголем од оној во центарот на земјината топка и на температура приближна на апсолутната нула. Меѓутоа, на обидот на научниците да го измерат притисокот во него со помош на ласер со ниска сила, сè тргнало наопаку. Имено, металот исчезнал откако еден од дијамантите се претворил во прав.

Водечкиот истражувач, професорот Исак Силвера, е шокиран од исчезнувањето на бесценетото парче метал.

„Никогаш досега не сум видел дека дијамантот може толку лесно да се здроби. Се претвори во прав, како сода бикарбона“, истакна тој.

Постојат неколку теории за објснување на исчезнувањето на металот. Едната е дека металниот водород е нестабилен и преминува во гасна состојба во услови на собна температура и нормален притисок.

Од друга страна, некои физичари се сомневаат дека тоа парче метал воопшто постоело.

Професорот Силвера, кој на креирањето на металниот водород работи со децении, тврди дека е возможно истиот да се претворил во гас и така да исчезнал.

„Во овој момент сметам дека воопшто нема потреба за сомнеж дали се работи за метал. Во тоа нè уверија мерењата што ги спроведовме“, истакнува професорот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука