X
 27.11.2022 Наука

Научници од Амстердам создале симулација на црна дупка во лабораторија

Симулација на црна дупка во лабораторија може да открие повеќе информации за радијацијата која се испушта од вистинските црни дупки во вселената. Физичари направиле црна дупка во лабораторија и го набљудувале Хокинговото зрачење од неа.

Хокинговото зрачење ги опишува честичките што се создаваат во квантните осцилации предизвикани од пробивањето на црната дупка во време-просторот. Според физичарите, ова може да им помогне да го објаснат односот помеѓу генералната Теорија за релативноста и квантната механика.

Црните дупки веројатно се најчудните тела што може да се најдат во универзумот. Овие масивни тела се толку густи, што во нивна близина не може да избега ништо, дури ниту светлината.

Во 1974 г. Стивен Хокинг предложил дека прекините во квантните осцилации предизвикани од оваа густина резултираат во вид на радијација која е слична на топлинската радијација. Научници од Универзитетот во Амстердам успеале да симулираат црна дупка која совршено одговара на теоретските очекувања на вистинска црна дупка.

Со помош на низа атоми кои служеле како патека за електроните, тие создале услови на црна дупка која предизвикала раст во температурата. Со тоа тие покажале дека испреплетеноста на честичките околу центарот на црната дупка игра голема улога во создавањето на Хокинговото зрачење.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука