X
 15.07.2016 Образование

Гугл издаде нова едукациска алатка

Google Cast for Education е нова апликација од Гугл за да им помогне на наставниците и студентите да ги споделуваат нивните екрани од еден Chrome пребарувач во друг, безжично.


Оваа апликација е уште во бета верзија и е достапна само за Гугл апликации за едукациски корисници. Начинот на кој работи апликацијата е едноставен: наставниците ќе ја инсталираат апликацијата. Потоа откако е инсталирана на компјутерот кој е поврзан со школскиот проектор, учениците ќе можат да ги споделуваат своите екрани користејќи верзија која ќе биде наскоро издадена. Наставниците ќе имаат контрола на проектирањата на учениците и ќе добиваат барања за да можат да почнат со проектирањето.

Еве како наставниците можат да ја инсталираат апликацијата:

- Вклучете се во Google Apps
- Идете на Chrome Web Store
- Кликнете Add to Chrome а потоа Add app.
- Кликнете Google Cast for Education за да ја отворите апликацијата.
- Внесете го името на проектирањето, како на пример „Училна бр.4“. Кликнете Зачувај а потоа Сподели.
- Поканете ги учениците преку е-пошта.
- Учениците можат да презентираат или да бараат дозвола за проектирање. Учениците кои не се на листата нема да можат да го видат проектирањето.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование