Фото: We are social
Глобалната агенција „We are Social“ и „Hootsuite“ објавија скратена верзија на извештајот за дигитална употреба на уредите ширум светот.
Во извештајот се наведува дека 5 милијарди луѓе на планетата користат некаков вид на мобилен уред, што е 67% од вкупното светско население.
Во согласност со бројот на продадени мобилни телефони, пропорционално расте и бројот на корисници на социјалните мрежи, па така, само во Америка повеќе од 230 милиони луѓе користат „Facebook“, додека втора е Индонезија, каде бројот на активни корисници изнесува 117 милиони.
Вкупниот број на „Facebook“ корисници во меѓувреме се зголеми на 1.938 милијарди, што претставува пад од 2.5%. Сепак,
експертите наведуваат дека не постои причина за загриженост бидејќи за некое време, бројот на корисници на оваа мрежа ќе се искачи на 2 милијарди.
Интересно е тоа што кинеските корисници и понатаму користат алтернатива за „Facebook“. Во Кина, најпопуларен е „WeChat“ кој го користат 870 милиони луѓе - во претходните шест месеци оваа мрежа добила 80 милиони нови корисници.