X
 26.05.2020 Технологија

Истражување покажува дека роботите во производството водат до зголемена вработеност

Многумина се плашат дека развивањето на вештачката интелигенција може да доведе до поголема невработеност, но тоа веројатно нема да се случи во многу сектори. Според ново истражување, фирмите што брзо се адаптираат и почнуваат да користат роботи во нивното производство истовремено го зголемуваат бројот на вработени лица.


Дерон Асемоглу, еден од авторите на истражувањето, економист од Технолошкиот институт во Масачусетс, вели дека фирмите започнуваат да користат роботи, односно автоматизирани машини, за да ги намалат трошоците, но на тој начин тие се развиваат побрзо од нивната конкуренција и на крајот вработуваат повеќе луѓе.


Фото: Pixabay

Зголемувањето на користењето роботи од компаниите за 20% во периодот од 2010 до 2015 довело до намалување на вработеноста за 3,2% генерално. Но, во фирмите што почнале да користат роботи работните часови на вработените се зголемиле за 10,9%, а се зголемиле и нивните примања.

Во истражувањето учествувале 55.390 француски компании, од кои 598 почнале да користат роботи во производството во периодот помеѓу 2010 и 2015. Истражувањето покажало дека фирмите што почнале да користат роботи станале попродуктивни и попрофитабилни, но тие истовремено повеќе се развиле од другите компании и поради тоа имале потреба од повеќе вработени лица.


Фото: Pixabay

Овие резултати одговараат на други истражувања кои покажуваат дека развивањето на автоматизацијата ќе создаде нови работни места. Во тој случај, вработените треба да се адаптираат на промените и нема да останат без работа.

Автор: Лукиа Пападопулос
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија