X
 12.01.2017 Култура

Мудростите на кинескиот народ: „Цел во животот е да се умре млад, но што е можно подоцна“

Само пишаната кинески историја е стара 3.500 години. Во текот на многуте години кинескиот народ собирал изреки и мудрости. Нивната мудрост се одликува по посебниот поглед кон светот и местото на човекот во него. Иако овие зборови кои ќе ги прочитате се напишани пред многу години сепак и сега можат да помогнат на секого од нас.

1.    Искушението да се откажете секогаш е најсилно, непосредно пред победата.

2.    Цел во животот е да се умре млад, но што е можно подоцна.

3.    Не зборувајте, ако тоа не ја менува тишината на подобро.

4.    Патот од илјада милји почнува со само еден чекор.

5.    Силната личност ја совладува препреката, мудрата целиот пат.

6.    Не плашете се што одите бавно, плашете се да не сопрете.

7.    Кај будалите и среќата е глупава.

8.    Ако се сопнете и паднете, тоа не значи дека одите по погрешниот пат.

9.    Колибата во која се смеат, побогата е од дворецот во кој тагуваат.

10.    Секогаш гледај на работите од посветлата страна, а ако таква нема, тогаш чисти ја темната додека не осветли.

11.    Што и да се случува, се случува на време.

kina

12.    Оној кој ги истакнува твоите недостатоци, не ти е секогаш непријател. Оној кој ги истакнува твоите предности, не е секогаш твој пријател.

13.    Не се плаши од тоа што не го знаеш, плаши се од тоа што не го учиш.

14.    Учителите само ти ја отвараат вратата, понатаму одите сами.

15.    Колку силно и да дува ветрот, планината не се поместува.

16.    Живеј, чувајќи го спокојот. Ќе дојде време кога и цвеќињата ќе процветаат сами.

17.    Не постои пријател без мани. Ако барате мани, ќе останете без пријатели.

18.    Несреќата влегува низ таа врата, која сте и ја отвориле.

19.    Никој не се враќа од патување онаков, каков што бил порано.

20.    Кај оние кои можат да поцрвенат, не може да им биде црно срцето.

21.    Подобро еден ден  да се биде човек отколку илјада дена да се биде сенка.

22.    Твојот дом е таму каде што се спокојни твојте мисли.

23.    Човекот кој може да покрене планина, почнал од тоа што поместувал од место на место мали камчиња.

24.    Ако направиш грешка, најдобро е веднаш да се насмееш.

25.    Најдобро време да се засади дрво било пред дваесет години. Следно најдобро време е денес.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура