X
 16.07.2016 Култура

Градовите и државите кои ви плаќаат да живеете во нив

Размислувате да се преселите во странство? Ова се некои од градовите во кои секогаш има работа, а некои од нив се подготвени и да им платат на луѓето да живеат во нив.

 

grad


Малиот новозеландски град Каитангата има голем проблем. Во градот има премногу празни работни места. Во градот сместувањето е евтино, меѓутоа нема доволно луѓе за да го пополнат.

Оваа рурална заедница има 800 жители, а се наоѓа на околу 80 километри од градот Дунедин. Властите на градот се обидуваат да ги примамат семејствата со што им нудат земјиште и куќа по цена од 149.000 евра.

Тасманија бара работници за производство на млеко

Градовите во австралиската држава Тасманија бара работници за работа на фармите и производство на млеко. На овој остров има голем број целосно опремени фарми за продажба.

Фармерите мораат да имаат работна виза, а предност имаат британските работници поради сличноста во системот на производство помеѓу Велика Британија и Австралија.

Даблин бара ИТ експерти


Ирска запчна кампања со цел да привлече 2.000 ИТ експерти од светот. Како што вели Карл Фланери, извршниот директор на „Storm Technology“, технолошката индустрија во Ирска напредува подобро од предвиденото.

Евтина земја во Канада

Повеќе градови и села во Северна Америка нудат пари или доста евтино земјиште. Руралната заедница Пајпстоун во Манитоби нуди програми за доселениците кои треба само да дадат депозит од 1.000 канадски долари (695 евра) за да изградат куќа за 90 дена од потпишувањето на договорот.

Индустриите во Пајпстоун кои бараат работници се нафтената, земјоделската и сточарската.

Њу Хејвн им дава 80.000 долари на новите сопственици на куќи, а Детроит неповратни позајмувања. Американските градови кои патат од економска депресија нудат одлични услови за доселениците.

Њу Хејвен и Конетикат даваат и до 80.000 долари преку своите три програми за привлекување на новите жители. Детроит нуди 20.000 долари за новите сопственици на домовите како и позајмување за станови. Но, во овие градови не е лесно да се пронајде работа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура