X
 27.11.2022 Живот

Живот во облаците и во снегот: Ова е највисокото село во Европа

На 2.060 и 2.200 метри надморска височина, на планината Шара во Грузија, во регионот Сванети се наоѓа највисокото населено место во Европа.

Ушугли е всушност заедница од четири помали села: Жибијани, Чвибијани, Чажаши и Муркмели. Во овие села живеат околу 70 семејства или 200 жители.


Единствениот пат што води до ова село е од градот Лентехи, а тој често е недостапен. Во текот на летото можете да стигнете до највисокото село во Европа, но во зима најчесто тоа не е возможно. Снегот ја покрива целата област шест месеци во годината.


Но, на жителите на ова село тоа не им пречи. Тие се навикнати на условите во кои живеат. Децата одат во локално училиште, а во селото ги има и сите потребни институции за тоа да функционира.


Посебна атракција во селото е капелата од 12 век, изградена за време на владеењето на кралицата Тамара, а покрај оваа капела има уште неколку објекти што се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО.


Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот