X
 17.07.2016 Живот

Американските власти конечно објавија документи за терористичкиот напад 9/11

америка

 

Американските власти конечно објавија документи поврзани со терористичките напади на американските кули близначки на 11 септември 2002 година. Документот познат како „28 страни“ го објави американскиот Конгрес, а во нив постојат индикации дека службеници од Саудиска Арабија биле во контакт со Ал-Каеда и други терористички организации. Сепак, Комисијата вели дека ова се само шпекулации кои треба да се потврдат.


Во документот се укажува на тоа дека терористичкиот напад бил тестиран уште во 1999 година. „Според еден агент во Феникс, ФБИ се сомневал на Мохамед ал-Кудахеин. Тој во 1999 година бил вклучен во инцидентот за време на летот „American West“, за кој сега се чини дека бил тестирање на безбедноста во авионите.

Документите откриваат и врска помеѓу киднаперите и саудиската влада, за која знаеле ФБИ и ЦИА. Тие укажуваат на тоа дека Осама Баснан, Саудиец кој живее во Америка, би можел да биде саудиски разузнавачки агент и дека според документот, добил лажен пасош од саудискиот амбасадро во Америка и неговата сопруга. Според ФБИ, Баснан се фалел во саудиската заедница дека активно им помагал на киднаперите на авионот.

Наодите од извештајот исто така укажуваат на тоа дека ФБИ и ЦИА не успеале детално да ја испитаат вмешаноста на Саудиците во терористичкиот напад 9/11, се' додека тоа не го направил Конгресот.

Документите се објавени поради притисокот од семејствата на жртвите, но и некои членови на Конгресот, па американскиот претседател Барак Обама во април откри дека е во тек постапката за деквалификација.

„Ова се одлични новости. Семејствата се среќни и луѓето во Америка се среќни што информациите кои со децении се криеја од јавноста, конечно се објавени“, изјави Хери Голдман, адвокат на семејствата на жртвите, откако документите беа испратени во јавноста.

Поранешниот сентаор Боб Грахам, кој бил на чело на комисијата која ја спроведувала истрагата за 11 септември изјави дека е доста задоволен што документите се јавно објавени. „Ова ќе ја доведе во прашање улогата на Саудиска Арабија во врска со помагање на киднаперите“, изјави тој.

Саудиската влада ги повтори барањата документите да бидат пуштени за и тие да можат да одговорат на обвинувањата кои веќе долго време ги сметаат за неосновани. „Уште во 2003 година баравме да се објават документите. Тие ќе покажат дека нема ништо“, изјави Наил Ал-Јубеир, директор за комуникации на амбасадата на Саудиска Арабија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот