Фото: Getty
Писмо од 67-годишната Американка Џона Рамеј стана многу популарно меѓу интернет-корисниците поради пораката што ја пренесува.
67-годишната Џона Рамеј од Солт Лејк Сити објаснува како нејзините родители се бореле против фашизмот во Втората светска војна.
Нејзиното писмо, објавено во „Солт Лејк трибјун“, стана популарно на интернет и започна со огромна брзина да се споделува поради искреноста и страста во него.
Еве што пишува во писмото:
„Јас сум 67-годишна бела Американка. Моите родители се пријавија да служат во Втората светска војна за да се борат против фашизмот. И двајцата отслужија воен рок; мајка ми беше сестра, а татко ми помагаше во навигацијата на бомбардерите. Тие изгубија пријатели во крвавата војна за целиот свет да биде ослободен од фашизмот. Не се бореа за белците да прикажуваат надмоќ или за нацистите отворено да одат по улиците на Америка.
Белец до суперматистичко лице: Што не е во ред со тебе?
Луѓето од европското наследство сосема добро се снаоѓаат во светот. Управуваат со поголемиот дел од светските институции, имаат голем дел од богатството во светот. Не си во никаква опасност. Светот се менува, тоа е вистина. Другите сакаат „парче од колачот“. Тие работат за тоа, се стремат кон тоа и го заработуваат. Технологијата има поголем ефект врз вашите можности за работа отколку имигрантите. Ќе треба да го насочиме сето наше внимание, нашите идеи и енергија кон напредокот, справувањето со корпоративната контрола и климатските промени. Спуштете ги вашите Тики факли и прости знамиња и започнете да се занимавате со сериозна работа.
Патем, светот победи во војната против нацистите во 40-тите, исто како што Америка победи во војната против Конфедерацијата во 60-тите години на 19 век. Согласувањето со две изгубени цели само ве обележува како длабоки губитници.
И конечно, како белец на белец: Исто како и моите родители пред мене, нема да седам не правејќи ништо, ниту ќе се откажам од моите права или правата на другите Американци бидејќи вие мислите дека сте подобри од некои од нас. Не функционираат така работите. Сите Американци стојат рамо до рамо против вашата омраза и нетрпеливост“.
Нејзиното писмо ја заработи титулата „
Писмо на неделата“, но на „Твитер“ се смета за „Писмо на годината“.