X
 19.07.2016 Наука

Научниците уште не ја знаат причината за окото на Сахара

Окото на Сахара е нешто што се крие на виделина. Тоа е бидејќи ова огромно и мистериозно геолошко оформување е тешко да се забележи на земја кога шетате наоколу. Луѓето го откриле ова око во песокот кога почнале да праќаат луѓе во вселената, и откако е пронајдено научниците сеуште не го разбираат.


Но при сите истражувања не пронашле знаци дека окото на Сахара е кратер кој бил создадено кога се создавала Земјата. Сегашните теории предложуваат многу покомплицирани приказни позади ова интересна природна формација.

Главната прстенеста структура на окото се разјадените остатоци што некогаш биле свој на слоеви на кората на Земјата. Двајца научници од Канада тврдат дека формирањето на окото започнало пред повеќе од 100 милиони години, кога суперконтинентот Пангеа, поради тектонски движења бил рацепен на два дела кои се сега Африка и Јужна Америка.


Стопениот камен притискал кон површината но не успеал, па создал свој од каменести слоеви. Стопен варовник се наоѓа во центарот на окото кој се создал од специјален вид на камен. Малку после 100 милиони години, окото повторно еруптирало, а потоа корозијата го дооформила окото како што го знаеме сега.

Прстените наоколу се различни видови на камен кои корозираат во различно време. Побледиот дел е вулкански камен создаден за време на експлозијата. Модерните астронаути се приврзани со Окото толку бидејќи целата пустина Сахара е не толку пристапно море од песок.

Некои веруваат дека Окото на Сахара е всушност остатокот од градот Атлантис кој е опишан како коцентрични прстени од вода и песок.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука