X
 11.01.2018 Наука

Револуционерен чекор: Роботите добија вештачки мускули

мускули

Научниците од Универзитетот „Колорадо“ во Булдер успеале да произведат издржливи, флексибилни и моќни вештачки мускули.

Станува збор за ХАСЕЛ-технологија што сама создава движење и има потенцијал за самозаздравување.

„Новата технологија би можела да го отвори патот за создавање пофлексибилни роботи кои би можеле да го подобрат квалитетот на животот на човекот“, истакнал во соопштението деканот на факултетот.

Мускулот се состои од торба исполнета со растително масло, прикачено на електродите. Електричниот шок што произведува електроди влијае врз движењето на течностите и ја менува формата на торбата, создавајќи „контракции“ слични на оние што ги произведуваат мускулите.

Новиот пронајдок овозможува подигнување на деликатни работи, затегнување и опуштање на роботските „мускули“, исклучително брзо движење и создавање вештачки бицепс. Научниците се надеваат дека ќе овозможат производство на понапреден тип протетски екстремитети.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука